Beko на дресовите на Барса

6

Spain FC Barcelona Beko Partnership

Шпанскиот фудбалски клуб Барселона потпиша договор за четиригодишно спонзорство од турскиот конгломерат Koç Holding. Фудбалерите на ракавите на своите дресови ќе го носат логото на произведувачот на бела техника, Beko.

Главни спонзори на Барселона се авиокомпанијата Qatar Airways и произведувачот на спортска опрема Nike, како и други партнери, вклучувајќи ги Audi, Intel Corp и Coca-Cola Co.
Во јануари 2010 година, со овој шпански тим спонзорски договор потпиша и националниот авиопревозник Turkish Airlines, кој плати девет милиони евра. Договорот траеше три години, пишува Заман.