Бекутан прослави четири децении присуство на пазарот

218

viber-imageПо повод 40-годишниот јубилеј на брендот Бекутан компанијата Алкалоид денеска стартува со нова камапања. Од компанијата најавија низа активности за одбележување на довербата кон Бекутан којашто бележи четири децении постоење.

“По повод 40-годишниот јубилеј, компанијата одлучи да подготви низа активности наменети за нашите ценети корисници, посебно оние најмалите, меѓу кои, лимитирани трендовски пакувања од добро познатите шампон и пенлива купка, нови форми од водечкиот производ – препознатливиот Бекутан крем, коишто наскоро ќе бидат достапни на пазарот, Вибер стикери за полесна и поинтересна комуникација, наградна игра со бројни интересни награди, а со оглед на динамиката на брендот, сигурно ќе следуваат и други изненадувања“, истакна Маја Мизо, бренд-менаџер за Бекутан пред присутните во хотел Мериот.

Во рамки на настанот и како дел од активностите по повод јубилејот, беше презентиран и нов рекламен видео спот, а меѓу присутните беа и дечињата, заштитни лица на Бекутан линијата.

“Довербата во брендот Бекутан од 1978 година се пренесува од генерација на генерација. Тоа е нашиот најцврст темел за долгогодишна традиција. Со повеќе од 200 милиони продадени парчиња производи, Бекутан е синоним за постојан квалитет, доверба и лојалност. И во иднина, ние како компанија, ќе продолжиме да работиме сериозно и максимално посветено, за оваа наша заедничка успешна приказна да продолжи“, истакна генералниот директор на компанијата, Живко Мукаетов.

Приказната за Бекутан започнува во далечната 1978 година, со само пет производи наменети за нега на бебешката кожа од коишто прв бил кремот Бекутан.

Палетата на производи Бекутан е рангирана меѓу водечките брендови во сегментот детска козметика на регионално ниво. Производите се изработени од врвни суровини со проверен квалитет и се целосно безбедни за употреба уште од првиот ден по раѓањето. Лидер во колекцијата е Бекутан детскиот крем со продадени над 45 милиони парчиња.