Бележник чии страни се вадат и ставаат со помош на магнет

3

magnetic-notebook-spines-pages-rekonect-coverimageRekonect е името на првиот бележник со магнет што овозможува да се вадат страници и повторно да се ставаат според желбите и потребите на корисникот.

Дизајнерите на оваа креативна тетратка имаат намера истата да ги замени досегашните канцелариски фасцикли.

Rekonect има тврда корица направена од висококвалитетна, вештачка црна кожа што станува подобра како што одминува времето.

fcd2f0508a3253307f513b2ddb4a6e30_original

Секој бележник доаѓа со 120 страни квалитетна хартија, односно 60 листови, а штом заврши кампањата на Kickstarter, самите купувачи ќе избираат од четирите опции за хартијата на бележникот – линии, квадратчиња, точки или бели листови.

Ќе бидат додадени и дополнителни пакети хартија, односно 240 страни или 120 листови.