Белгиската централна банка во загуба за прв пат по Втората светска војна

81

Националната банка на Белгија (БНБ) е на пат да ја забележи својата прва загуба по Втората светска војна и предвидува дека ќе има „негативна капитална позиција“ до 2027 година, што значи дека нејзините обврски ќе ја надминат вредноста на нејзините средства.

БНБ во соопштението рече дека „очекува да ја заврши тековната финансиска година со загуба во опсег од 600 до 800 милиони евра“, пренесува Brussels Times.

Централната банка дополнително додаде дека за да се справи со загубата, нејзините тековни финансиски резерви од 7,08 милијарди евра „првпат ќе треба да се искористат на крајот на оваа финансиска година“.