Кон крајот на овој месец започнува изградбата на хотелот Marriott во центарот на Белград, најави претседателот на компанијата ПСП Фарман, која ќе ги врши градежните работи, Бранислав Грујиќ.
На реконструкцијата на поранешната зграда Југодрво, каде што ќе се наоѓа хотелот Marriott, без прекин ќе работат 200 луѓе. Вредноста на оваа инвестиција, заедно со вредноста на недвижнината е поголема од 20 милиони евра.
Претставници на компанијата ПСП Фарман и ланецот хотели Marriott International кон крајот на 2011 година потпишаа менаџерски договор за изградба на првиот Courtyard by Marriott хотел во Белград.
Courtyard by Marriott е бренд хотели наменет првенствено за деловни луѓе. Белградскиот хотел ќе има околу 110 соби и стандард четири плус ѕвездички.