Белупо ќе инвестира 50 милиони евра во два нови погона

31

Belupo Koprivnica

Хрватската компанија Белупо, фармацевтскиот оддел на групацијата Подравка, годинава ќе инвестира околу 50 милиони евра во два нови погона. Изградбата на погоните треба да започне деновиве, на парцела од 80.000 метри квадратни, во индустриската зона во Копривница. Во едниот погон ќе се произведуваат цврсти, а во другиот полуцврсти и течни видови на лекови. Ќе се гради и ново складиште за суровина и амбалажа, а фабриките треба да проработат до 2017 година, пишува Вечерњи лист.

“Со изградба на овие погони, Белупо со нови производи и технологии ќе ја зајакне конкурентната пазарна позиција, а со новите капацитети ќе станеме и производно пофлексибилни”, вели Хрвоје Колариќ, шеф на Управата на Белупо.

Втората по големина фармацевтска компанија во Хрватска по пазарен удел, минатата година оствари приходи од околу 109 милиони евра и добивка од околу осум милиони евра.