Бензините поскапуваат, дизелот со иста цена

13

1B6D952602C1A74DB7F458A011AC640CРегулаторната комисија за енергетика на редовната седница одржана денес одлучи да се зголеми цената на литар еуросупер-БС 95 за 1,50 денари, на 82,50 денари, а цената на литар еуросупер-БС 98 да се зголеми за еден денар, на 84 денари.

Малопродажната цена на еуродизелот (Д-ЕV) останува иста, односно изнесува 70,00 ден/лит, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари за литар, и со тоа изнесува 58,50 ден/лит.

Килограм мазут М-1 НС поевтинува за 0,176 ден/кг, со тоа цената на М-1 НС изнесува 41,707 ден/кг.

Во образложението на регулаторите се наведува дека просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесувала 109,093 долари за барел што е за 2,13% повисока од просечната цена на сурова нафта по која биле формирани тековните цени на нафтените деривати.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот
четиринаесетодневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 4,07% или за 39,76 долари за тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 0,96% или 8,55 долари за тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,13% или за околу 6,725 долари за тон.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 46,7549 ден за долар и е за 1,66% понизок од курсот на доларот по кој беа формирани цените.