По повод својот 90-ти роденден данската компанија Bang & Olufsen ги создаде BeoLab 90, звучници што произведуваат совршен звук, јавува Bloomberg.
Она што ги одликува, покрај нивниот интересен геометриски дизајн, е висината од 120 сантиметри, тежината од 136 килограми и секако цената – 79.990 долари, сосема доволно да купите еден луксузен автомобил.
Еден BeoLab 90 има 18 поединечни звучници, секој со свој засилувач, што значи дека звукот се слуша подеднакво насекаде со јачина од 8.200 вати. Целата структура ја држи алуминиумски костур тежок 65 килограми низ којшто се проткаени и дрвени елементи.
Звучниците се изработувале повеќе од две ипол години и очигледно со добра причина – преку апликација корисниците можат да го прилагодат звукот според желбите, без разлика дали гледаат филм или се подготвуваат за голема забава.
Првите вакви пратки ќе почнат да се испорачуваат кон крајот на месецот.