„Кога се работи за ваков голем пакет, не можеме нешто преку ноќ да смениме. Ние сме меѓу првите што воведовме вакви мерки во регионот. Сега со измените воведовме механизам со кој која било влада ќе има инструмент со кој ќе може да реагира брзо во кризни ситуации и да пружи помош на граѓаните. Не застануваме тука. Кризата е голема, нашата економија е мала, и не можеме да влијаеме на светските пазари, но ќе се потрудиме и ќе се организираме за да придонесеме за олабавување. Затоа е апелот за штедење и рационално користење на енергенсите, истакна Бесими.
Во гостувањето потенцира дека Буџетот е ликвиден и дека се прават анализи за ребаланс, кој ќе ги отслика потребите во одредениот момент. Не прецизира кога би бил доставен ребалансот, но наведе дека во услови на криза, како што беше здравствената, имавме и два ребаланса и прераспределба.
Потенцира дека она што беше најавено со препорака за штедење од страна на институциите ќе се преточи во владина одлука која се однесува на сите за рационално користење на ресурсите.