Беспилотни летала ќе ги заменат поштарите во Емиратите

34

dubai-drone

Дубаи наскоро би можел да стане првиот град во светот со развиена мрежа на беспилотни летала кои ќе заменат дел од класичните поштенски услуги.

“ОАЕ ќе се обидат владините услуги да ги доставуваат со дронови. Овој проект ќе биде прв од ваков вид во светот”, изјави вчера министерот Мохамед ал Гергави на претставувањето на прототипот развиен за владата.

Владата на Обединетите Арапски Емирати соопшти дека планира да користи минијатурни беспилотни летала за достава на одредена документација како возачки дозволи, лични карти и друга хартиена документација.

Дронот ќе биде во облик на пеперутка со четири ротори и на бела основа ќе стои знамето на ОАЕ.

Според инженерот Абдулрахман Алсеркал, дизајнерот на проектот, за заштита на беспилотните летала и товарот што ќе го носат ќе се користи систем за идентификација преку отпечаток од прст и скенирање на зеница.

Се очекува оваа експериментална достава да заживее прво во Дубаи, каде ќе биде тестирана шест месеци, а потоа да почне да се користи и во остатокот на Емиратите.

dubai 2