Бесплатен влез за сите посетители на Стаклениот Музеј на автобуси

33

За две до три недели свечено ќе биде отворен Музејот на автобуси, кој што неодамна го најави директорот на ЈСП Мишо Николов.

“Музејот ќе биде на отворено. Интересно е што просторот на музејот е ограден со стакла од автобуси. Не е покриен”, појасни Николов.

Во музејот кој е лоциран во автобазата Ѓорче Петров посетителите ќе можат да видат стари марки на автобуси кои превезувале патници во различни периоди од основањето на претпријатието па наваму.

Најстарото возило е Лејланд, произведен 1969 година, а другите се од Санос, Раба, Ман, Икарус.

Како што информира директорот на ЈСП, за почеток во музејот ќе бидат изложени седум автобуси, но со тек на времето бројката ќе се зголемува.

Влезот ќе биде бесплатен со претходна најава.