Бесплатно предавање на консултант на Икеа во Србија на Скопски саем

63

saem za mebelСкопски саем, во соработка со Triple S Group, во рамките на Саемот за мебел 2013 организира бесплатно предавање на тема Зошто Merchandising во Вашите салони за мебел? Бесплатното предавање ќе се одржи на 29 март (петок) во Конгресниот центар при Скопски саем во периодот од 10:00 до 11:00 часот.

Предавач ќе биде г. Миљан Димитријевиќ, еден од најбараните консултанти во областа мерчендајзинг на Балканот и еден од консултантите на IKEA во Србија.

Главната цел на ова предавање е да им се овозможи на македонските менаџери и мерчендајзери да стекнат практична експертиза со чија примена би ги унапредиле вештините, би креирале повисок профит и би создале конкурентска предност.

Преку одржување на вакви настани се иницираат промени и развој на луѓето, нивните компании и квалитетот на животот преку пренесувањето на технологиите на работењето според теркот на светски успешните компании и поединци.

Мерчендајзингот е еден од начините кој може да им помогне на компаниите да го унапредат својот бизнис – да ја зголемат продажбата преку организација и прилагодување на распоредот на мебелот на ограничениот простор во својот изложбено продажен салон.