Без потврда за вакцинирање во Њујорк нема да може да се влезе во ресторан

69

Без потврда за вакцинирање во Њујорк нема да може да се влезе во ресторан, спортска сала или на некој настан, рекол градоначалникот Бил де Бласио, со што стана првиот град во САД што воведува ковид пропусници.

Мерката е наречена Key to NYC pass, а ќе бара вакцинирање на вработените и гостите во затворениот дел од рестораните, корисниците на спортски сали и посетителите на настани“, рекол градоначалникот на Њујорк.

Мерката се воведува на 16-ти овој месец, а од 13-ти септември ќе почне да се контролира нејзиното спроведување.

Градоначалникот Бил де Бласио и гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо веќе две недели повикуваат на вакцинирање на државните службеници и препорачуваат носење маски поради пораст на бројот на заразени.

Во Њујорк, град со повеќе од осум милиони жители, 7,18% од возрасните примиле барем една доза од вакцината.

Фото: Pexels