Без YouTube и Gmail апликации на постари уреди со Android

31

Корисниците на постарите уреди со Android веќе не можат да ја користат својата сметка на Google за апликации како што се YouTube, Gmail и Maps, се вели во официјалната изјава на компанијата во делот за поддршка.

„Google веќе нема да дозволи најавување од уреди со Android, кои работат на Android 2.3.7 или пониска верзија од 27 септември 2021 година. Ако се најавите на вашиот уред по 27 септември, може да добиете грешка во корисничкото име или лозинката кога се обидувате да користете производи и услуги на Google, како што се Gmail, YouTube и Maps“, се вели во соопштението.

Android 2.3.7 датира од декември 2010 година. Samsung Galaxy S2, Sony Xperia Go и HTC Evo 4G се меѓу телефоните што не добиле официјално ажурирање на нивните системи постари од Android 2.3.7.

Услугите на Google за понови оперативни системи – Android 3.0 за таблети, Android 4.0 и понови – ќе продолжат да работат. Оневозможувањето пристап за уреди со Android 2.3.7 и постари верзии не влијае на работата на услугите на Google во прелистувачот, соопшти компанијата.