Безвременските совети на моќната Опра Винфри

32

opra

Фото: Twitter

Најдобрите совети од Опра Винфри… за успехот, стравот, неуспехот, среќата и скромноста…

Уште стојам цврсто на земја, само сега носам подобри чевли.

Она што најмногу ве плаши нема моќ. Стравот е тој што ја има моќта. Кога ќе се соочите со вистината, стравот ќе исчезне.

Среќа е кога подготвеноста се сретнува со можноста.

Има многу работи кои треба да си ги докажам на себе си. Една од нив е дека можам да го живеам животот без страв.

Најголем ризик во животот е да не ризикуваш воопшто.

Не верувам во неуспех. Не е неуспех ако сте уживале во процесот.

Сите се сопнуваме. Сите се соочуваме со пречки. Така животот ни порачува дека е време да го “смениме правецот.”

Не знаев дека да се биде свој на своето е клучот на успехот. Ако го знаев тоа ќе успеев многу порано.

Знаеш дека си на патот до успехот ако работиш без да очекуваш надоместок.

Колку повеќе го цениш и славиш својот живот, толку повеќе ќе имаш за што да славиш и да се радуваш во животот.

Најголемото откритие на сите времиња и дека човекот може да ја смени својата иднина ако го смени своето однесување.

Бидете благодарни за она што го имате, ќе добиете многу повеќе. Ако се концентрирате на она што го немате, никогаш нема да имате доволно.

Ако сакате да си го остварите сонот, треба да се концентрирате на значењето, на смислата. Само така малите чекори и малите победи на патот кон успехот ќе добијат големо значење.