Биометриско CV – работодавачите ќе знаат сè за вас

31

Можеби звучи како сценарио од научнофантастичен филм, но идејата за биометриско CV не е далеку од реализација.

Се работи за точната процена на работните навики на кандидатот за некои работи, на пример: движењата на очите додека човекот гледа во екранот, заради утврдување на тоа колку тој е толерантен на глукоза, телесните реакции во миговите на носење одлука или обид да се присети на некои информации итн.

Биометриското CV би служело како показател на физичката спремност да се преземат одредени работни задачи. Со тоа би се утврдило дали тој е добар кандидат за работата или не.

Притоа, биометриските податоци како поим ќе опфаќаат многу повеќе од отпечатоци на прсти и скенирање на очните зеници. Новите биометриски податоци ќе го опфаќаат и ритамот на пишувањето по тастатурата, па дури и друштвените навики, на пример колку време еден човек минува комуницирајќи со другите.

Сето тоа, сепак, носи и одреден ризик од злоупотреби и дискриминациски однос кон кандидатите. Стресот, често е последица на здравствени проблеми или пак на попреченост. Можна е дискриминација и по однос на полова или етничка основа.

Живееме во време кога се носат технолошки уреди и апликации кои ги следат најважните телесни параметри, а сè повеќе компании се грижат за здравјето на своите вработени. Околу 55 милиони вработени во САД  се вклучени некоја велнес програма на својата компанија. Некои работодавачи имаат пристап до здравствените картони на своите вработени, до кои проистапуваат преку своите компјутери.

Според некои стручни лица, тоа го отвора прашањето дали и во колкава мера луѓето се подготвени да бидат “под лупа“ на таков начин.

Фото: Pexels