Bite – еколошки таблети за миење на заби

142

Kind Lab, компанија со седиште во Лос Анџелес, на пазарот претстави паста за заби што не ја загадува околината. Станува збор за таблети коишто доаѓаат спакувани во стаклено шишенце со што се елиминира пластичната туба во којашто традиционално се пакува пастата. Производот е наречен Bite Toothpaste Bits, и е сосема сигурен и ефикасен за употреба пишува Inhabitat.

Таблетите се рачно изработени од природни состојки и биле подложени на клинички тестирања. Резултатите покажале дека производот е безбеден, ги чисти забите, не содржи флуорид и можат да го користат и деца.

Кога ќе посакате да ги измиете забите треба само да ставите една таблета во уста и да ја натопите четката со вода. Таблетата се раствора и ги чисти забите темелно, а притоа придонесува за почиста околина.

Шишето може да се користи колку ќе посакате. Таблетите одат и на рецепт, па купувачот треба само да се пријави за регуларно полнење на пакувањето. Истото доаѓа во хартија од биоразградлива целулоза што дополнително придонесува за животната средина.

Заинтересираноста за производот е толку голема што за нови нарачки се чека и до шест недели за испорака.

Фото: Bite