Bite Helper, уред што го неутрализира убодот од комарци

31

bite-helper-1

Фото: Bite Helper

Bite Helper е уред во форма на пенкало којшто го неутрализира чешањето и иритацијата предизвикана од убоди на инсекти како комарци, муви, оси и мравки.

Овој уред го спречува чешањето од комарци со притискање и држење на пенкалото врз местото на убод 45 секунди.

Bite Helper користи термо – пулсирачка технологија преку која се испраќа топлина и вибрации на кожата што го зголемува протокот на крв во областа на убодот од инсекти.

Пенкалото коешто го неутрализира чешањето не користи хемикалии, а може да го користат и деца над четири годишна возраст.

Цената на Bite Helper изнесува 39,95 долари.