Битиќи: Со влезот во ЕУ минималната плата ќе биде 800, а просечната 1.100 евра

20

Со влезот во Европската Унија, минималната плата ќе биде 800 евра. Нашите предвидувања се дека 2030 година ќе бидеме членка, а можат да не спречат само тие кои што се на спротивната страна – нашата опозиција и никој друг, изјави вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Вицепремиерот ветува дека во 2028 година просечната плата ќе биде 1.100 евра, доколку актуелната владеачка коалиција добие уште еден мандат на престојните избори.

-При самиот влез во ЕУ, просечната плата ќе биде 1.300 евра. Тоа заслужува секој граѓанин да го добие. Ќе има доволно средства за тоа.  Докажавме дека го достигнавме тоа што го ветивме во 2020 и сме надминале за 20%. Имам убедување дека тоа е лесно остварливо, рече Битиќи во емисијата на „Слободен печат“.