Биткоинот на историски највисоко ниво

82

Биткоинот ја достигна највисоката вредност во својата историја во изборната ноќ во САД. Криптовалутата достигна вредност од 75.000 долари, повисока од мартовскиот рекорд од 73.000 долари.

И другите криптовалути пораснаа. Ethereum, втората по големина криптовалута, поскапе за околу 7%, додека Солана, третата најмоќна, „заработи“ околу 15%.

Dogecoin поскапе за речиси 20%, а тоа се објаснува со поддршката што ја има од Илон Маск, еден од клучните сојузници на Трамп на овие избори.

Трамп и Републиканската партија летово целосно ги прифатија криптовалутите, што резултираше со голема финансиска поддршка од оваа индустрија, која имаше свои проблеми поради ограничувањата што им ги наметна администрацијата на Бајден.