Бизнис Инфо вработува новинар

22

bi-mk-fb

Бизнис порталот bi.mk објавува ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на едно лице на позицијата Новинар на определено време. Кандидатот треба да ги исполнува следниве услови:

▪ да има завршено високо образование, VII степен или 180 ЕКТС – општествени науки;

▪ да има претходно работно искуство како новинар (подолгиот стаж, искуство со работа во интернет медиум и познавање од областа на бизнис и економија ќе се смета за предност);

▪ кандидатот треба да го владее англискиот јазик (познавањето на повеќе светски јазици ќе се смета за предност);

Рокот на пријавување е пет работни дена, сметано од денот на објавување на огласот. На разговор ќе бидат повикани кандидатите што ги задоволуваат потребните услови.

Биографија (CV) со едукативно-работни податоци испратете на следнава адреса: contact@bi.mk.