Бизнис климата во Германија се подобрува трет месец по ред

Бизнис климата во Германија се подобрува трет месец по ред во декември. Според податоците на економскиот институт Ифо, во однос на ноември, деловната клима е подобрена за 2,2 поени, на 88,6.

Бизнисмените со поголем оптимизам ја опишуваат моменталната состојба, а нивните прогнози се посветли. Ова делумно се должи на божиќните и новогодишните празници, кога економијата вообичаено е жива, јавува агенцијата ДПА.

Расположението се подобри овој месец во сите сектори на економијата, освен во градежништвото, изјави претседателот на Институтот во Минхен, Клеменс Фист.

Бизнис климата во Германија генерално се влоши од почетокот на годината до крајот на летото – пред се поради руската војна против Украина и драстичното зголемување на цените на енергијата како резултат на конфликтот.