Бизнис комплет – сеопфатна осигурителна понуда на Еуролинк

49

eurolink osiguruvanje

Еуролинк осигурување организираше бизнис настан, на којшто стотина сопственици и менаџери на мали и микрокомпании имаа можност да се запознаат со предностите на Бизнис комплет пакетот на осигурителната компанија.

Бизнис комплет претставува сеопфатна осигурителна понуда за целосна заштита на бизнисот преку обезбедување уникатни осигурителни решенија.

Пакетот опфаќа различни осигурувања, како што се осигурување од пожар и други опасности, кражба и разбојништво, кршење стакло, прекин на работа, одговорност и незгода за вработените. Пакетот е предвиден како целосно осигурување за малите бизниси што имаат деловни и продажни објекти, како колонијални продавници, минимаркети, аптеки, парфимерии, козметички салони, кафулиња и други.

“Еуролинк е посветен кон развивање нови и иновативни решенија за осигурување на бизнисите. Длабоко веруваме дека нашата поддршка им е повеќе од потребна и на малите бизниси за да можат целосно да се фокусираат кон понатамошен раст и развој. Токму затоа, оваа година сме фокусирани кон обезбедување сеопфатни осигурителни решенија што овозможуваат целосна заштита на бизнисот. Имајќи ги нивните потреби, го создадовме Бизнис пакетот, кој обезбедува целосна и достапна заштита на малите бизниси од ризиците што се најчеста закана по нивното работење“, рече Марија Томеска, претседател на управниот одбор на Еуролинк осигурување.

Денешниот настан е првиот од серијата настани што ќе се одржат низ Македонија како дел од Бизнис комплет караванот на Еуролинк.

Во текот на месец март, Бизнис комплет караванот ќе продолжи со настани и во други градови низ Македонија, и тоа: Струмица, Битола, Прилеп и Штип.

Годинава, сите што ќе склучат договор за лојалност на три години имаат можност да го добијат Бизнис комплет за само еден денар за првата година, а воедно да добијат и полиса за приватно колективно осигурување за само 300 денари месечно по вработен. Дополнително, работодавците што се вклучиле во програмата за лојалност ќе добијат и бесплатен превентивен задолжителен здравствен преглед за своите вработени.

Еуролинк останува посветен во развивање нови и иновативни решенија за осигурување на бизнисите.