Бизнис правила што треба да ги знае секој претприемач

154

pravila

Фото: Pixabay

Одговорноста носи свои должности, но понекогаш, намерно или случајно, одговорните забораваат дека водењето на успешен бизнис се темели врз одредени правила. Затоа, во прилог она што не треба да се заборави ако сакате да постапите правилно и да создадете успех за себе и за другите.

 Секогаш треба да бидете сигурни дека (ќе) имате доволно пари во банка

Ако забележите дека имате проблем со готовинскиот тек или ликвидноста решете го што е можно поскоро.

Проблемот најверојатно сте вие

Кога ќе се случи проблем прво што треба да направите е да ги побарате одговорите во огледало. Најголемиот дел од нив се предизвикани од лошиот менаџмент.

Грижа за најдобрите

Без разлика дали сте мала или голема компанија, цената да се изгуби врвен работник е огромна. Сепак, претприемачите често забораваат да се осигураат дали нивните најдобри вработени се соодветно мотивирани.

ДА и НЕ се употребуваат многу често

Двата најважни збора што сопствениците на бизниси ги имаат на располагање се ДА и НЕ, коишто треба да се употребуваат често. Притоа, клучно е да бидете одлучни кога еднаш ќе ги изговорите, односно да стоите цврсто зад кажаното.

Слушајте ги вашите клиенти

Нивниот фидбек е најважната информација што ќе ја добиете и според којашто ќе можете многу да направите за идните планови на компанијата и успехот.

Научете ги овие два збора – меритократија и непотизам

Првиот е начинот на којшто треба да ја водите вашата компанија – преку препознавање, наградување и заслуги врз основа на способност и достигнување на вработените. Вториот е како не треба да го водите бизнисот – преку пристрасност и одбирање на фаворити.

Кога да (не) бидете транспарентни

Транспарентноста е корисна, но понекогаш и штетна. Има време кога треба да се замолчи и моменти кога треба да се каже сè. Она што е ваша задача е да научите пред кого треба да се биде транспарентен и обратно.

Некои работи едноставно нема да ги знаете

Понизноста е моќна карактеристика на лидерот, тоа важи за новите претприемачи, оние искусните и сите останати. Ќе ви се случи во неколку наврати кога ќе зажалите што сте мислеле дека знаете сè. Затоа помирете се со тоа и продолжете да учите.