Бизнис совети од 90-тите што важат и денес

28

shoping

Фото: Pexels

Дури и по 20 години некои деловни совети сè уште важат. Можеби за некои мислите дека не се веќе актуелни, но Mashable претстави неколку бизнис совети од 90–тите години на минатиот век коишто важат и денес.

Вратите се отвораат во зависност од тоа кого познавате

Кога аплицирате на оглас за работа размислувате со кои луѓе да се поврзете: заеднички пријатели, познаници, соработници кои може да одиграат позитивна улога за вашето ангажирање. Иако преку социјалните мрежи може да креирате големи групи на контакти, сепак контактите остварени лице во лице сè уште имаат големо значење.

Важно е да одржувате контакти

Запознавањето на некоја личност е губење на време ако не планирате да одржувате контакт со неа. Добро е да одржувате контакт со поранешни колеги, соработници, деловни партнери. Јавете се, пратете им електронска пошта или закажете средба. Малите гестови може да имаат големо значење.

Бидете скромни и имајте желба да учите од секоја задача

Денес оние со малку искуство може да одбијат да завршат некоја задача што ја сметаат за “бескорисна“. Човековата природа не е променета, скромноста секогаш ќе биде ценета.

Успехот не зависи од трудот, туку од видливоста и вредноста

На почетокот на кариерата луѓето многу се трудат и извршуваат задачи што никој не ги гледа. Тешко ќе напредувате ако не се погрижите менаџерите да бидат свесни за вашиот придонес и неговото влијание.

Лошото однесување влијае на вашиот углед

Губење контрола на работа никогаш не било оправдано. Лошото однесување влијае на вашиот углед. Во денешно време постои и поголем ризик од непристојното однесување бидејќи, освен тоа што ќе се прераскажува меѓу колегите, може да заврши и на некој од социјалните медиуми.

Искористете ја едукацијата што ви ја плаќа работодавачот

Концептот “вработените мора да се усовршуваат за да останат конкурентни“, постои неколку децении, а во последните години од минатиот век компаниите не штеделе на тоа. Денес, можностите се поголеми поради бесплатните онлајн обуки.

Ако сакате да сочувате тајна не ја кажувајте никому

Озборувањето на работа постои отсекогаш. Во деведесеттите се грижеле гласината да не стигне до погрешна личност, а денес ризикот е поголем поради достапноста на различни средства за комуникација.

Почитувајте го времето на другите

Доцнењето на состаноци не се толерирало во 90-тите, а со оглед на преоптоварените распореди на состаноци во денешно време доцнењето не само што е непристојно, туку може да изгубите можност за склучување на договор.