Бизнис совети што важат насекаде

62

menadzer-pixabay

Фото: Pixabay

Еве како неколку истакнати американски бизнисмени одговараа на прашањето “Кој е најдобриот бизнис совет што некогаш сте го добиле?” Одговорите се однесуваа на три различни сегменти од работењето.

Планирање и стратегија

Фокусирајте се на тоа како крајните корисници на производот или услугата го доживуваат ефектот на иновацијата, а не како вие иноваторите гледате на тоа.

Успехот не се должи на производот или технологијата, па дури ни на менаџментот. Успехот е резултат на изборот на вистинскиот пазар во вистинското време. Во животот се се сведува на тајмингот, па така е и во претприемништвото.

Стартувањето на бизнисот и лансирањето на првиот производ или услуга на пазарот ќе ви одземе двојно повеќе време и ќе ве чини двојно повеќе од она што сте планирале на почетокот.

Менаџмент и донесување на одлуки

Никогаш не мешајте активност со напредок.

Ако не ви се допаѓаат правилата, сменете ги.

Дури и кога ние претпримачите знаеме дека клиентот воопшто не е во право, не е битно ние што мислиме. Битно е тоа што клиентот го кажува. Тие се секогаш во право.

Менторство, тренинг и поддршка

Примај многу совети. Нека те опкружуваат многу паметни луѓе. Постојано прашувај, дознавај и биди спремен да платиш за добар совет.

Носи го незнаењето на ракавот. Оттаму можеш најлесно да го избришеш.

Не станува збор за тоа дали ќе ја постигнеш својата цел, туку кога ќе ја постигнеш.