BlackBerry ги враќа физичките тастатури на своите мобилни

44

blackberryНовите модели на BlackBerry “претежно” ќе имаат физичка тастатура, а не екран на допир. Ова го изјави новиот директор на компанијата, Џон Чен, во интервју за Блумберг.

“Јас лично повеќе ги сакам тастатурите”, рекол Чен.

Тој воедно најави пресврт и тврди дека компанијата наместо на комерцијалниот потрошувачки пазар, повторно ќе се фокусира на деловните и корпоративни корисници, кои денес ја сочинуваат мнозинската корисничка база.

Кон крајот на минатата година BlackBerry најави партнерство со кинески Foxconn кој во иднина ќе ги произведува мобилните телефони на оваа канадска компанија.