BlackBerry престанува да ги произведува своите телефони

21

5-bbboldКанадската компанија BlackBerry позната по своите телефони со тастатура, реши да престане да ги произведува овие уреди, пишува CNN. Производителот таа улога ќе им ја препушти на партнерите, коишто ќе се трудат да го задржат препознатливиот изглед на телефоните.

Според официјалното соопштението од BlackBerry, производството ќе го преземе компанија за телекомуникации од Индонезија. Канадската компанија ќе се фокусира на развивање на софтвер, потфат што го започна пред неколку години кога продажбата на телефони започна да опаѓа.

Извршниот директор Џон Чен кој се приклучи на компанијата во 2013 има голема заслуга за нејзиното повторно стабилизирање и рефокусирање на сферите со поголем раст.