Blackphone 2 на продажба од утре

41

blackphone2-640x400

Експертите за приватност Silent Circle го најавија пристигнувањето на Blackphone 2 за втори септември 2015. Телефонот е новата верзија од првиот приватен смартфон целосно дизајниран според потребите на поединци и корпорации.

Првиот Blackphone, со 4,7 инчен екран, беше првично презентиран на минатогодишниот Mobile World Congress во Барселона пред да излезе во продажба по цена од 629 долари.

Новата верзија ќе биде со 5,5 инчен Gorilla Glass дисплеј и ќе вклучува 1,7 GHz окта кор процесор, 3GB RAM меморија, камера со 13 мегапиксели, микро SD порт и батерија со брзо полнење.

Во центарот на вниманието останува Silent OS, Андроид оперативен систем специјално создаден за да одговори на приватноста и безбедноста на мобилните телефони. Silent OS му дозволува на секој корисник да креира различни “места” што служат како одделни виртуелни телефони на самиот уред и притоа му овозможуваат работата и приватниот живот да бидат безбедно одвоени.

Корисникот може да креира четири различни места на еден телфон и да ги уреди според желбите.