Американскиот инвестициски фонд Blackstone купува 20% од акциите на Versace за 210 милиони евра. Покрај тоа Blackstone ќе добие и едно место во одборот на компанијата.
Модната куќа ќе ја користи капиталната инјекција за засилување на постојната мрежа на продавници, проширување на пазарите и забрзување на понудата на нови производи, пишува Financial Times.
Влегувањето во Versace е прва ваква инвестиција за фондот.
Донатела Версаче, која ја презеде улогата на главен дизајнер на модната куќа во 1997 година по убиството на нејзиниот брат и творец на компанијата Џани Версаче, поседува 20% од акциите. Нивниот брат Санто поседува 30% од акциите, а мнозинскиот пакет од 50% е во сопственост на ќерката Донатела-Алегри Версаче.
Покрај тоа што заостануваат во споредба со нивните конкуренти во однос на продажбата, профитот и географската експанзија, сепак брендот Versace е еден од најпрепознатливите на светската модна сцена.