Блокчејн стартапот Aptos собра 150 милиони долари

36

Вчера наутро, Aptos, блокчејн стартап основан од поранешни вработени во Меtа, објави круг на финансирање од 150 милиони долари, предводен од FTX Ventures и Jump Crypto.

Последната рунда за собирање средства на стартапот вклучува нови инвеститори како Griffin Gaming Partners, Franklin Templeton, Circle Ventures и Superscrypt, се вели во соопштението за печатот.

FTX Ventures претходно се приклучи на кругот на финансирање на Aptos во март, каде што развивачот на блокчејн собра 200 милиони долари од инвеститори како што се a16z, Tiger Global и Multicoin Capital.

Инвестицискиот партнер на FTX Ventures, Рамник Арора, рече дека блокчејн технологијата мора да даде приоритет на приспособливост, безбедност и леснотија на користење за да стигне до „следните милијарда корисници“.

Стартапот е основан од поранешни вработени во Меtа со надеж дека ќе ја донесе блокчејн технологијата до пошироката публика од „милијарди“ луѓе.

Aptos моментално работи на серија тест-мрежи, а неговата главна мрежа допрва треба да се лансира, иако тоа е планирано за подоцна оваа година.

Досега оваа година, Aptos собра 350 милиони долари, кои планира да ги инвестира во развојот на својот безбеден и скалабилен блокчејн од прв слој.

Извршниот директор и ко-основач Мо Шаик рече дека најновиот круг на финансирање е валидација на досегашната работа на компанијата и покажува апетит за „протоколот од следната генерација [прв слој]“.

Тој додаде: Веќе извесно време знаеме дека поради проблеми како прекини, сегашните блокчејни не се соодветни за целта кога станува збор за масовно усвојување на Web3“.