Блумберг: „Путин успеа да ја погоди Европа во најболната точка“

169

Рускиот претседател Владимир Путин успеа да ја погоди Европа во најболната точка – енергијата, пишува Блумберг.

Зголемувањето на цените на горивата доведе до висока инфлација и економски пад во западните земји.
„И покрај фактот што Европската унија наметнува најстроги ограничувања за Русија, бројот на компромиси расте, почнувајќи од отстапки за снабдување со нафта преку цевководи и завршувајќи со исклучување на патријархот Кирил од листата на санкции“, се вели во публикацијата.

Како што беше истакнато, економската војна против Русија ја подели ЕУ, бидејќи земјите се „уморни од санкции“, пренесува Спутник.

Финансиското оружје е несовршена алатка, која делува селективно и води до непредвидливи последици“, се нагласува во написот.