BMW ја зголемува својата инвестиција во унгарската фабрика за е-возила на повеќе од две милијарди евра

60

БМВ соопшти дека ја зголемила својата планирана инвестиција во фабрика за електрични возила (ЕВ) во изградба во Унгарија на повеќе од две милијарди евра (2,9 милијарди долари) и додаде дека ќе изгради фабрика за монтажа на батерии со висок напон од 500 милиони евра.

Производителот на автомобили претходно соопшти дека ќе потроши повеќе од 1 милијарда евра за фабриката во Дебрецен, која треба да се отвори во 2025 година и да го зголеми производството на 150.000 автомобили годишно.

Унгарската влада ќе обезбеди 13,5 милијарди форинти (33,92 милиони долари) неповратни субвенции за дополнителната инвестиција, изјави министерот за надворешни работи Петер Сјјрото на прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Блиската врска помеѓу склопувањето на батерии и производството на возила е дел од нашата стратегија, рече Маркус Фалбоемер, виш потпретседател за производство на батерии во BMW.