Boltr – робот што ги носи нарачките и багажот на гостите во хотелот Aloft

82

aloft-robot

Американската хотелска групација Aloft Hotels во сопственост на Starwood ќе воведе голема технолошка новина во своето работење. Овој месец ќе започне со тестирање на услугите на роботски персонал и носачи на багажот во нивниот хотел во Калифорнија.

Станува збор за роботот Botlr, кој е конструиран специјално за оваа групација хотели. Зад неговата изработка стои старт – ап компанијата Savioka од Силиконската долина.

Botlr може самостојно да се движи низ хотелот и да ги испорачува порачките што ќе ги добие од гостите. За да дојде до било која соба од хотелот потребни му се две до три минути. Тоа вклучува возење со лифт со кој Botlr комуницира безжично, а може да се движи без никаков проблем благодарение на бројните камери и сензори.

botlr

Кога ќе дојде до посакуваната соба, Boltr автоматски го повикува телефонот во истата и им сигнализира на гостите дека пристигнува нарачката. Роботот може да препознае кога е отворена вратата и моментот кога треба да ја испорача нарачката, а наместо напојница гостите преку вградениот екран на допир можат да го оценат квалитетот на услугата. Добрата оценка го мотивира Boltr да заигра, а по завршување на доставата се враќа во фоајето на хотелот и се приклучува на полнач.

Од хотелот порачуваат дека со овој автоматизиран робот нема да се намали бројот на работните места, туку сакаат на гостите да им пружат дополнителни услуги и да им го подобрат нивниот престој во хотелот.