Бонусот на плата од 3000 денари ги натера вработените на Макстил побрзо да решат да се вакцинираат

408

Бонусот на плата во износ од 3000 денари ги натера вработените од компанијата Макстил АД побрзо да се решат да примат вакцина. Компанијата  веќе втор месец исплаќа ваков додаток на сите работници кои ќе приложат документ дека се вакцинирани.

„Нашата цел беше да се наградат вработените кои се грижат за себе, за колегите, за здравјето на своето семејство, за компанијата, но и да биде мотив плус за оние што се двоумат“, изјави за „Локално“ генералниот директор Иван Бановски.

Реакциите, како што вели, биле позитивни, особено од оние кои немаат сомнеж во потребата од имунизација, но нагласува дека чекорот не треба да се разбере како притисок врз сите кои размислуваат поинаку,туку само како начин за дополнителен поттик.

Од почетокот на процесот на имунизација досега, вакцинирани се околу 40% од вработените, податок кој според Бановски е доволна причина сите во компанијата да се чувствуваат посмирени.