Bosch инвестира 1,1 милијарди долари во фабрика за чипови

45

bosch_waferfab-reutlingen_0620166461x3634_img_w1024

Фото: Bosch

Германската технолошка компанија Bosch ќе инвестира 1,1 милијарди долари во изградба на фабрика за чипови за автономни возила, паметни домови и инфраструктура, пишува Bloomberg.
Фабриката која треба да биде готова во 2019 година ќе се гради во Дрезден и ќе бидат вработени 700 работници.

“Проширувањето на производните капацитети ќе ни помогне да ја зајакнеме нашата конкурентска позиција на пазарот“, вели извршниот директор на компанијата, Волкмар Денер.

Компанијата со 130 годишна историја е позната како производител на делови за автомобили, а изминативе години работи на развој на софтвер и инвестира во нови технологии. Минатата година во секој продаден автомобил во светот во просек се наоѓаат девет чипови што ги произвел Bosch.