Bosch инвестира три милијарди евра во производство на полупроводници

60

Германскиот индустриски гигант Bosch во средата објави дека планира да инвестира три милијарди евра во бизнисот со полупроводници до 2026 година.
„Во интерес на нашите клиенти, се подготвуваме за несмалениот раст на побарувачката за чипови. Водењето бизнис со најмали компоненти е голем бизнис за нас“, рече Стефан Хартунг, претседател на одборот на директори на Bosch.

Во градовите Ројтлинген и Дрезден ќе градат нови развојни центри за бизнис со полупроводници, што вкупно ќе ги чини повеќе од 170 милиони евра.

Компанијата не го објави учеството на субвенциите во вкупната инвестиција.

Без да навлегува во детали, Хартунг само посочи дека сите фабрики за чипови ширум светот добиваат субвенции.

Со инвестиции во микроелектрониката, Bosch сака да отвори нови области на иновации, вели германскиот гигант. Ова, меѓу другото, се однесува и на радарските сензори што се користат при автоматско возење.

Нивниот фокус е и на новите технологии за полупроводници.

Фото: Facebook