Бразил возвраќа на Америка?

Бразил може да ги оданочи американските технолошки платформи доколку американскиот претседател Доналд Трамп ги ратификува царините за увоз на челик и алуминиум, објавија  бразилските медиуми.

Владата на бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се обидува да избегне отворен трговски конфликт, но ја препознава потребата за одговор во случај на воведување тарифи од страна на САД.

Предложениот дигитален данок ќе биде насочен кон познати американски платформи. Данокот, наводно, ќе ги заштити бразилските индустриски сектори од зголемените трошоци и има поддршка од главните претставници на индустријата, пренесува Б92.