Брендот Adria Airways на продажба

86

Окружниот суд во Крањ одлучи да ја објави продажбата на брендот Adria Airways.  Почетната цена за продажба на брендот ќе биде 100.000 евра.

Како што пренесува Ex-yu aviation, заинтересираните ќе бидат поканети да достават необврзувачки понуди за преземање на името на овој бренд.

Инаку, словенечката компанија Air Adriatic, во сопственост на Изет Растодер, ја купи пропаднатата авиокомпанија Adria Airways за 45.000 евра.

Растодер, кој е познат по увоз и продажба на банани и трговец со недвижнини, ја основаше Air Adriatic само неколку дена откако Adria Airways најави банкрот на крајот на септември минатата година.

Фото: Facebook