Бриџстоун ја затвора фабриката во САД

Бриџстоун Америкас од Нешвил планира да ја затвори фабриката за гуми во Ла Верњ, Тенеси, подоцна оваа година, оставајќи 700 работници без работа.
Американскиот огранок на јапонскиот производствен гигант Bridgestone Corporation ја објасни одлуката како дел од планот за „оптимизација на својот бизнис“ и зајакнување на конкурентноста во индустријата за автомобилски делови.

Бриџстоун ги „ажурираше и оптимизираше“ своите операции низ САД, вклучувајќи го и седиштето во Нешвил, се вели во соопштението на компанијата, пренесува Seebiz.

Претстојните намалувања на работната сила ќе влијаат на корпоративните, продажните и оперативните тимови во САД. Бриџстоун исто така го намалува капацитетот во фабриката за гуми во Де Мојн, Ајова.

Последниот ден од работа на фабриката Ла Верњ ќе биде 31 јули по повеќе од пет децении работа.