Британија ќе ја приватизира Royal Mail

15

Royal-MailБританската влада вчера и официјално ги претстави плановите за приватизација на повеќе од половина на Royal Mail, најавувајќи почетна понуда на акциите на државната пошта на Лондонската берза во рок од неколку недели.

Според пишувањата на медиумите, со оваа приватизација владата би можела да добие до три милијарди фунти. Во приватизацијата ќе можат да учествуваат и околу 150.000 вработени во поштата, на кои акциите ќе им бидат понудени без никаков надоместок.

Владата на Дејвид Камерон планира да задржи удел скоро еднаков на оној што ќе биде продаден. Се очекува продажбата на половина удели во Royal Mail да биде најголема приватизација во Британија од 1980 година, кога беа приватизирани гигантите British Gas и British Telecom.