Британија се соочува со најдолга рецесија во последните 100 години

89

Банката на Англија предупреди дека Велика Британија се соочува со најдолгата рецесија од почетокот на мерењето во 1920-тите, бидејќи најмногу ги зголемила каматните стапки во последните 33 години, пишува Би-би-си.

Велика Британија би можела да се соочи со „многу предизвикувачка“ двегодишна рецесија, пишува Би-Би-Си, при што невработеноста речиси двојно ќе се зголеми до 2025 година.

Главниот извршен директор на банката, Ендрју Бејли, предупреди на „тежок пат“ пред британските домаќинства, но рече дека треба да дејствуваат силно или работите ќе бидат „полоши подоцна“.

Каматните стапки се зголемени на три отсто од 2,25 отсто, што е најголем скок од 1989 година, пишува Би-Би-Си, а со зголемувањето на стапките, Банката се обидува да ги намали цените бидејќи трошоците за живот се зголемуваат со најбрза стапка во последните 40 години.

Цените на храната и енергијата се зголемија, делумно поради војната во Украина, која предизвика многу домаќинства да се соочат со тешкотии.

Банката претходно очекуваше и најави дека Велика Британија ќе западне во рецесија на крајот на оваа година и предвиде дека таа ќе трае цела наредна година.

Сега, како што пренесува Би-Би-Си, се верува дека економијата веќе влегла во „предизвикувачки“ пад ова лето, кој ќе продолжи следната година, но и во првата половина на 2024 година.

Стапката на невработеност во Велика Британија моментално е најниска во последните 50 години и се очекува да се искачи на речиси 6,5 отсто.