Британска компанија ја изработи првата заоблена приколка во светот

57

JS74096357Watsonian Squire Ltd, компанија со седиште во малото англиско гратче Блокли, позната по изработка на мотоцикли и приколки, го создаде првиот заоблен караван во светот, пишува Yahoo.

Зад дизајнот на Barefoot стои дизајнерката Кети Чемберлејн, која им се обрати на директорите на компанијата Мајк Вилијамс и Бен Метјус да и помогнат во остварување на идејата.

Приколката Barefoot е уникатна во секој поглед, од заоблената каросерија од фиберглас во разни бои, до совршено компактниот ентериер и галванизираната шасија.

Долга е 5,8 метри, од коишто 3,5 зафаќа внатрешниот дел. Широка е 1,9 метри, а нејзината висина изнесува 2,3 метри.

Внатре се наоѓа комотно место за седење кое се претвора во кревет долг 1,8 метри, потоа кујна со плоча за готвење на плин, мијалник, фрижидер, мини бања со туш и еко прозорци со ролетни.

Освен тоа приколката вклучува и систем за топла и ладна вода, гардеробер, шпајз, LED осветлување на таванот, светло за читање, како и осветлување на подот.

444812b059b17de566a729eebe622b5444cc06f1b08c518c47bf90a265327e87 5176b5377c12b8e9b7640a5bab843746imgID40303057