Британската фунта на најниско ниво во однос на доларот

62

Британската фунта денеска падна на најниско ниво во однос на доларот од 1985 година поради стравувањата од рецесија и инфлација.

Доларот се доживува како „валута прибежиште“, пренесува Франс прес.

Како знак на тешкотијата на задачата што ја чека новата премиерка Лиз Трас да ја заживее британската економија, фунтата до 14 часот (16:00 часот по средноевропско време) денеска загуби 0,96 отсто на 1,1409 во однос на доларот, што е најниско ниво во последните 37 години.

Вчера, во изјава пред Даунинг стрит, Трас вети дека ќе ја обнови економијата и ќе ја „надмине бурата што ја зафати земјата“, што е многу предизвикувачка работа, пренесува агенцијата АП.

Таа наследи економија во тешка состојба, на раб на потенцијално долга рецесија со рекордна прогноза за влошување на инфлацијата во наредните месеци и милиони луѓе кои бараат владина помош за да излезат на крај со астрономските сметки за енергија.