Работодавачите во САД во јули отворија поголем број работни места од очекуваното и покрај проблемите со недостигот на кадри на пазарот на труд и стравот поради ширење на коронавирусот.
Бројот на вработени се зголемил за 943.000 работници во јули, пренесува CNBC.
Стапката на невработеност во јули се намали на 5,% од 5,9% еден месец претходно, покажуваат статстичките податоци на тамошното министерство за труд.
Аналитичарите предвидуваа дека во јули ќе бидат отворени 845.000 нови работни места и стапката на невработеност ќе биде 5,7%.
Фото: Pexels