Brookwater – шишиња со јаглен и вулкански карпи за прочистување на водата

75

Brookwater-Bottles-889x592Шишињата Brookwater се изум на Брук Сигал, а претставуваат здрава алтернатива за пластичната амбалажа, пишува Inhabitat. Овие шишиња користат активен јаглен и порозни вулкански карпи и ја прочистуваат водата на природен начин, повторно ослободувајќи ги хранливите материи во неа. Шишињата Brookwater беа претставени на Лондонскиот фестивал за дизајн 2016.

Био филтерот што ја прочистува водата се нарекува Sylva и е оригинален изум на Сигал. Тој ја реминализира и полека ја прочистува водата онака како што тоа би се случило на природен начин. Преку филтерот миризбите и загадувачите се елиминираат од водата благодарение на вулканските карпи, активниот јаглен и другите органски материјали коишто го подобруваат вкусот и квалитетот на водата.

Brookwater шишињата го користат овој филтер, а целта на Сигал е да им се даде значење на поврзаноста на природата со науката и дизајнот и да се создаде производ што не е штетен за околината, а ја прочистува водата.