Електрична енергија, природен гас, јаглен и нафтени продукти, ноември 2024 година
Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2024 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 657 489 МWh електрична енергија, 39 840 мил. нм3 природен гас, 406 318 тони јаглен и 97 594
тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 82.3 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.8 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична
енергија.