Буџетскиот дефицит на САД се зголеми за 129 милијарди долари

Буџетскиот дефицит на САД само во јануари се зголеми за 129 милијарди долари, објави американското Министерство за финансии.
Така, дефицитот во американската федерална каса изнесуваше рекордни 840 милијарди долари за првите четири месеци од фискалната 2025 година, која започна на 1 октомври 2024 година, објави Блумберг.

Кумулативниот дефицит од октомври до јануари е зголемен за 25 отсто.

Буџетскиот дефицит е поттикнат од зголеменото трошење во области како што се здравството, социјалното осигурување, трансферите на ветераните и плаќањата на каматите на долгот.

Планот за приходи за оваа фискална година сега е малку променет од истиот период минатата година бидејќи претходниот план за 2024 година беше „надуен“ од одложените даночни плаќања од 2023 година поврзани со природни катастрофи од таа година, според извор од Министерството за финансии.

Континуираното зголемување на дефицитот, и покрај силниот економски раст и стабилните добивки на вработеноста, ја покажува итноста на ситуацијата со која се соочува секретарот за финансии Скот Бесант во обидот да се реши проблемот со намалувањето на растот на бруто домашниот производ (БДП) на 3,0 отсто од 6,4 отсто во 2024 година, забележува Блумберг.