Бугарија и Азербејџан се договорија: Трампа – гас за струја

86

Струја од Бугарија во замена за гас од Азербејџан – ваков договор беше склучен при посетата на министерот за економија и индустрија Никола Стојанов на Баку.

Министерот рече дека со ваква шема – размена на гас за струја, Бугарија би можела да добие количини во следните 4-5 месеци, кога е најпотребно во зима, пишува порталот novinite.com.

„Тие произведуваат струја само од гас, а ние сме голем производител на струја, извезуваме и имаме хиперпродукција, постои оваа можност, начелно е веќе потврдено – ако можеме да им обезбедиме струја, а наместо да произведуваме струја со гас, може да ни го дадат“, објасни Никола Стојанов, министер за економија и индустрија на Бугарија.

За време на посетата на Баку имаше неколку главни точки, рече Стојанов, додавајќи дека првата е поврзана со напредокот на интерконекторот со јужниот гасен коридор.

„Сериозно сме убедени дека оваа гасна врска ќе започне на 1 октомври. Азербејџанската страна потврди дека можеме да сметаме на исполнување на договорот што го имаме со нив за една милијарда кубни метри годишно во целост“, рече Стојанов.

„Второ, долгорочно се очекува проширување на јужниот гасен коридор и за 3-4 години ова проширување треба да профункционира, што значи дека од Азербејџан би можеле да добиваме уште една милијарда кубни метри гас годишно“, нагласи министерот. .

„Ни понудија како традиционален партнер да заштедиме мал дел од проширувањето, тоа значи дека со долгорочни договори со Азербејџан ќе имаме 2 милијарди кубни метри годишно, а потрошувачката ни е околу 3,5 милијарди годишно, што значи близу 60%.

Министерството за енергетика ќе продолжи со разговорите со Азербејџан, ќе се преговара за цената, количините, кога точно ќе почне и слично, објасни министерот.

Третата главна тема на разговор во Баку беше можноста за добивање дополнителни количества гас оваа зима.

„Преговорите со Газпром се во тек, но никој не знае што ќе се случи, па бараат можности да обезбедат гас за бугарските компании и граѓани, бараат можности од каде да добијат поголеми количини за зимата, но проблемот е што тоа го бараат и другите земји и Азербејџан е под голем притисок“, посочи Стојанов.