Бугарија: Рекордна инфлација во септември

51

Рекордно висока инфлација во текот на септември забележа бугарскиот Национален институт за статистика (НСИ). На годишно ниво цените се повисоки за 4,9%, што е највисока вредност за оваа година, а во однос на август, животот поскапел за 1,1%. Податоците покажуваат дека главна причина за пораст на инфлацијата се прехранбените производи, како и поскапувањето на гасот од средината на годината.

Најголемо поскапување има кај храната и безалкохолните пијалоци од 2,7%.

Најмногу поскапеле овошјето и зеленчукот (на пример, доматите за 20%, компирот за 28%). Цените на месните производи бележат пораст од 4,3%, а најмногу поскапеле свинското и меленото месо.

Пад на цените, пак, е забележан кај јаболките, грозјето, пиперките и морковите.

Транспортот е поскап за 1,6%, а во образованието цените се повисоки за 1,5%.